Градот Скопје на 01.11.2018 објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година.
Градот Скопје на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик 01.11.2018 заклучно со 30.11.2018 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето (1 ноември 2018 година) заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк од Град Скопје:
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10267&mid=482&tabId=
Тука можете да ги превземете потребните документи како и јавниот оглас од Град Скопје со условите за добивање на субвенциите:

Јавен повик за пелети 2018 1.11.2018.pdf |
Барање за потврда за подмирени обврски |
Барање за граѓани пелети 2018 |