Интертал
  • Почетна
  • Греење
    • Радијатори и регистри >
      • Панелни радијатори
      • Алуминиумски радијатори
      • Цевни регистри
    • Вентили
    • Собни термостати
    • Цевки, црева, изолација
    • Фитинг за цевна мрежа
    • Котли >
      • Камини на пелети
      • Котли на пелети
      • Димоводни цевки и делови Ф80
      • Камини на дрва
      • Котли на дрва
      • Шпорети на дрва
      • Котли на струја
    • Пумпи
    • Опрема за котлари
  • Соларни системи
    • Термосифонски системи
    • Системи со пумпа
    • Соларни колектори и дополнителна опрема
    • Бојлери
  • Контакт
  • Климатизација
  • Блог

субвенции до 30.000 денари за печки на пелети од град скопје

4/11/2018

0 Comments

 
Градот Скопје на 01.11.2018 објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година.
Градот Скопје на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик 01.11.2018 заклучно со 30.11.2018 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето (1 ноември  2018 година) заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје  кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк од Град Скопје:

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10267&mid=482&tabId=

Тука можете да ги превземете потребните документи како и јавниот оглас од Град Скопје со условите за добивање на субвенциите:
Јавен повик за пелети 2018 1.11.2018.pdf
File Size: 101 kb
File Type: pdf
Download File

Барање за потврда за подмирени обврски
File Size: 32 kb
File Type: doc
Download File

Барање за граѓани пелети 2018
File Size: 56 kb
File Type: doc
Download File

0 Comments

    Author

    ИНТЕРТАЛ ДОО Скопје

    Archives

    October 2019
    September 2019
    May 2019
    February 2019
    November 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    February 2017
    March 2016
    February 2016

    Categories

    All
    Kamini Na Peleti
    Kotli Na Peleti
    камини на пелети
    котли на пелети
    Промоции
    Соларни системи
    субвенции

    RSS Feed


Работно време

Пон-Пет  8:00-17:00
Саб  8:00-13:00

телефони

+389 (02) 204-3431
+389 (02) 204-5431

Email

info@intertal.mk
Picture
Можност за плаќање со картиците на 
VISA и MASTERCARD.