На 31.01.2017 година излезе Јавен оглас од Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2017 година. Огласот важи за сите купувачи на сончеви термални колекторски системи кои ќе ги купат и вградат во своите домови по 31.01.2017 година заклучно со 31 август 2017 година. Се обезбедува поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30% но не повеќе од 300 евра. Јавното извлекување на лицата кои ќе може да се стекнат со правото на надомест на дел од трошоците е закажано на 22 септември 2017 година во СЦ Борис Трајковски Скопје. Подолу можете да ги симнете Јавниот оглас и Барањето.
За сите дополнителни информации контактирајте не.
За сите дополнителни информации контактирајте не.
ЈАВЕН_ОГЛАС_за_надоместување_на_трошоците_за_сончеви_системи_2017.pdf |
БАРАЊЕ_за_надомест_на_трошоци_за_сончеви_системи_2017.pdf |