Интертал
  • Почетна
  • Греење
    • Радијатори и регистри >
      • Панелни радијатори
      • Алуминиумски радијатори
      • Цевни регистри
    • Вентили
    • Собни термостати
    • Цевки, црева, изолација
    • Фитинг за цевна мрежа
    • Котли >
      • Камини на пелети
      • Котли на пелети
      • Димоводни цевки и делови Ф80
      • Камини на дрва
      • Котли на дрва
      • Шпорети на дрва
      • Котли на струја
    • Пумпи
    • Опрема за котлари
  • Соларни системи
    • Термосифонски системи
    • Системи со пумпа
    • Соларни колектори и дополнителна опрема
    • Бојлери
  • Контакт
  • Климатизација
  • Блог

субвенции за купување печки на пелети за 2017 година

15/11/2017

0 Comments

 
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик 15.11.2017 заклучно со 22.11.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Критериуми за учество на Јавниот повик:
Барателот потребно е да ги исполни следниве критериуми за учество на Јавниот повик:
  • да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија,
  • да е жител на град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај),
  • подносителот до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • новата печка на пелети да ја купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (7 работни дена) и таа да биде инсталирана на истата адреса од личната карта,
  • да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана печката, без оглед на тоа дали се користи
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него подносителот да живее,
  • да има платено данок на имот за објектот каде е инсталирана печката, заклучно со 2016 година. 
За да ги видите деталните услови на Јавниот повик, симнете ги документите објавени од Град Скопје:
ЈАВЕН ПОВИК за надомест на трошоци за печки на пелети за 2017
Барање за подмирен данок
Барање за надомест на дел од трошоци


или посетете ја страната на Град Скопје: www.skopje.gov.mk

Погледнете ја нашата понуда за котли и камини на пелети на следните линкови:

КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ

КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ
ИНТЕРТАЛ ДОО Скопје нуди плаќање на рати преку потрошувачки кредит од Стопанска банка АД Скопје, како и преку дебитни картици од Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации контактирајте не.

КОНТАКТ
0 Comments



Leave a Reply.

    Author

    ИНТЕРТАЛ ДОО Скопје

    Archives

    October 2019
    September 2019
    May 2019
    February 2019
    November 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    February 2017
    March 2016
    February 2016

    Categories

    All
    Kamini Na Peleti
    Kotli Na Peleti
    камини на пелети
    котли на пелети
    Промоции
    Соларни системи
    субвенции

    RSS Feed


Работно време

Пон-Пет  8:00-17:00
Саб  8:00-13:00

телефони

+389 (02) 204-3431
+389 (02) 204-5431

Email

[email protected]
Picture
Можност за плаќање со картиците на 
VISA и MASTERCARD.