Интертал
  • Почетна
  • Греење
    • Радијатори и регистри >
      • Панелни радијатори
      • Алуминиумски радијатори
      • Цевни регистри
    • Вентили
    • Собни термостати
    • Цевки, црева, изолација
    • Фитинг за цевна мрежа
    • Котли >
      • Камини на пелети
      • Котли на пелети
      • Димоводни цевки и делови Ф80
      • Камини на дрва
      • Котли на дрва
      • Шпорети на дрва
      • Котли на струја
    • Пумпи
    • Опрема за котлари
  • Соларни системи
    • Термосифонски системи
    • Системи со пумпа
    • Соларни колектори и дополнителна опрема
    • Бојлери
  • Контакт
  • Климатизација
  • Блог

Општина Аеродром субвенционира печки на пелети

26/9/2019

0 Comments

 
Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година. Јавниот повик почнува од денеска, 26 септември, и ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик, заклучно со 10 октомври, може да достави барање за поврат на средствата  во висина до 50 %, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Потребни документи за аплицирање:
  1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром www.aerodrom.gov.mk/vest/2255)
  2. Фотокопија од важечка лична карта на барателот;
  3. Имотен лист  за објектот со адреса на подрачјето на Општина Аеродром;
  4. Доказ дека е извршено купување печка на пелети, и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршување на јавниот повик;
  5. Фотокопија од трансакциска сметка;
  6. Потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана печката на пелети заклучно со 2018 година (оригинал);
  7. Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
    • до поднесување на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
    • објектот во кој е/ќе се инсталира печката не е во фаза на градба,
    • во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,
    • во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети нема приклучок кон градското централно греење, без оглед на тоа дали го користи.
        Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за печки на пелети“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

​
Picture
Picture
Picture
0 Comments



Leave a Reply.

    Author

    ИНТЕРТАЛ ДОО Скопје

    Archives

    October 2019
    September 2019
    May 2019
    February 2019
    November 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    February 2017
    March 2016
    February 2016

    Categories

    All
    Kamini Na Peleti
    Kotli Na Peleti
    камини на пелети
    котли на пелети
    Промоции
    Соларни системи
    субвенции

    RSS Feed


Работно време

Пон-Пет  8:00-17:00
Саб  8:00-13:00

телефони

+389 (02) 204-3431
+389 (02) 204-5431

Email

info@intertal.mk
Picture
Можност за плаќање со картиците на 
VISA и MASTERCARD.