Интертал
  • Почетна
  • Греење
    • Радијатори и регистри >
      • Панелни радијатори
      • Алуминиумски радијатори
      • Цевни регистри
    • Вентили
    • Собни термостати
    • Цевки, црева, изолација
    • Фитинг за цевна мрежа
    • Котли >
      • Камини на пелети
      • Котли на пелети
      • Димоводни цевки и делови Ф80
      • Камини на дрва
      • Котли на дрва
      • Шпорети на дрва
      • Котли на струја
    • Пумпи
    • Опрема за котлари
  • Соларни системи
    • Термосифонски системи
    • Системи со пумпа
    • Соларни колектори и дополнителна опрема
    • Бојлери
  • Контакт
  • Климатизација
  • Блог

СУБВЕНЦИИ ДО 25.000 ДЕНАРИ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ за 2019

1/10/2019

1 Comment

 
Министерството за економија обезбедува поврат на средства во фвисина од 50%, но не повеќе од 25.000 денари. Право на учество на објавениот Јавен оглас ќе имаат лицата со ниски примања кои треба да се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари. Исто така може да се пријавуваат и купувачите кои не спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи, а имаат купено печки на пелети во периодот од 1 јануари 2019 година до  26.10.2019 година. Огласот трае до 26.10.2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
За да ги дознаете сите услови наведени во Јавниот оглас, истиот можете да го превземете подолу, заедно со задолжителните прилози.
Контактирајте не за да добиете понуда за печки за пелети за Вашиот објект.
ЈАВЕН ОГЛАС за 2019 год.
File Size: 1016 kb
File Type: pdf
Download File

ИЗЈАВА-deklarat_1_.docx
File Size: 15 kb
File Type: docx
Download File

Барање-kërkesë-pelet_1_.docx
File Size: 65 kb
File Type: docx
Download File

Барање-kërkesë-ranliv_2_.docx
File Size: 65 kb
File Type: docx
Download File

Picture
Picture
1 Comment

Општина Аеродром субвенционира печки на пелети

26/9/2019

0 Comments

 
Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година. Јавниот повик почнува од денеска, 26 септември, и ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик, заклучно со 10 октомври, може да достави барање за поврат на средствата  во висина до 50 %, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Потребни документи за аплицирање:
  1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром www.aerodrom.gov.mk/vest/2255)
  2. Фотокопија од важечка лична карта на барателот;
  3. Имотен лист  за објектот со адреса на подрачјето на Општина Аеродром;
  4. Доказ дека е извршено купување печка на пелети, и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршување на јавниот повик;
  5. Фотокопија од трансакциска сметка;
  6. Потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана печката на пелети заклучно со 2018 година (оригинал);
  7. Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
    • до поднесување на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
    • објектот во кој е/ќе се инсталира печката не е во фаза на градба,
    • во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,
    • во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети нема приклучок кон градското централно греење, без оглед на тоа дали го користи.
        Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за печки на пелети“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

​
Picture
Picture
Picture
0 Comments

СУБВЕНЦИИ ЗА СОНЧЕВИ СИСТЕМИ ЗА 2019 година

29/5/2019

1 Comment

 
Излезе Јавен оглас од Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2019 година. Огласот важи за сите купувачи на сончеви термални колекторски системи  кои ќе ги купат и вградат во своите домови заклучно со 30 јуни 2019 година. Се обезбедува поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30% но не повеќе од 15.000 денари. 

И оваа година средствата ќе се доделуваат по принципот “прв дојден прв услужен“.

Контактирајте не за да добиете понуда за Вашиот објект. 

Тука можете да ги превземете Јавниот оглас и Барањето:
​
ЈАВЕН_ОГЛАС_за_2019_година.pdf
File Size: 690 kb
File Type: pdf
Download File

Образец_за_БАРАЊЕ_за_субвенции.pdf
File Size: 199 kb
File Type: pdf
Download File

ИЗЈАВА_-_да_се_завери_на_Нотар.pdf
File Size: 103 kb
File Type: pdf
Download File

Picture
Picture
Picture
1 Comment

70% СУБВЕНЦИИ ЗА КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ ОД ГРАД СКОПЈЕ

3/2/2019

0 Comments

 
Градот Скопје на жителите кои имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај) кои имаат купено печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк од Град Скопје:
 
http://www.skopje.gov.mk
 
Контактирајте не за да добиете наша понуда за котли или камини на пелети.
телефони: 02/ 204-3431, 02/ 204-5431
емаил: [email protected]
​

Тука можете да ги превземете потребните документи како и јавниот оглас од Град Скопје со условите за добивање на субвенциите:
Јавен повик за печки на пелети
File Size: 94 kb
File Type: pdf
Download File

Образец за граѓани
File Size: 56 kb
File Type: doc
Download File

Барање за потврда за данок
File Size: 32 kb
File Type: doc
Download File

0 Comments

Можност за субвенции до 20% за котли на пелети преку програмата на geff

5/11/2018

0 Comments

 
Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој, обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата. 
Финансирањето со GEFF се одвива преку локалните банки партнери во Програмата, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје, кои ја користат кредитната линија да ги финансираат подобните заемобаратели со инвестиции во подобни проекти.

Технологии од домаќинството кои ние Ви ги нудиме, а ги исполнуваат стандардите на изведба и се подобни за финансирање според GEFF во Македонија се:
  • Печки (камини) /котли на биомаса (печки на биомаса / котли вклучувајќи систем за снабдување со гориво и систем за контрола): топлинска ефикасност ≥ 85%
  • Соларни системи за топла вода (соларни колектори, вклучувајќи и систем за контрола): топлинска ефикасност: ≥75%
  • Акумулациони бојлери за топла вода – енергетска ознака C или повисока
Повеќе информации околу Програмата за финансирање на следниот линк:
https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/

Повеќе информации околу кредитните линии на банките партнери на Програмата:
ОХРИДСКА БАНКА АД Скопје
ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје

Контактирајте не за да добиете наша понуда за производите опфатени со Програмата.
телефони: 02/ 204-3431, 02/ 204-5431
емаил: [email protected]
контакт
0 Comments

субвенции до 30.000 денари за печки на пелети од град скопје

4/11/2018

0 Comments

 
Градот Скопје на 01.11.2018 објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година.
Градот Скопје на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик 01.11.2018 заклучно со 30.11.2018 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето (1 ноември  2018 година) заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје  кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк од Град Скопје:

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10267&mid=482&tabId=

Тука можете да ги превземете потребните документи како и јавниот оглас од Град Скопје со условите за добивање на субвенциите:
Јавен повик за пелети 2018 1.11.2018.pdf
File Size: 101 kb
File Type: pdf
Download File

Барање за потврда за подмирени обврски
File Size: 32 kb
File Type: doc
Download File

Барање за граѓани пелети 2018
File Size: 56 kb
File Type: doc
Download File

0 Comments

НАДОМЕСТ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ СИСТЕМИ ЗА 2018 ГОДИНА

3/4/2018

0 Comments

 
На 30.03.2018 година излезе Јавен оглас од Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2018 година. Огласот важи за сите купувачи на сончеви термални колекторски системи  кои ќе ги купат и вградат во своите домови по 30.03.2018 година заклучно со 31 август 2018 година. Се обезбедува поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30% но не повеќе од 300 евра. 

Ново за оваа година е што средствата ќе се доделуваат по принципот “прв дојден прв услужен“.

​Погледнете ја нашата понуда за сончеви термални системи на следните линкови:

ТЕРМОСИФОНСКИ СОНЧЕВИ СИСТЕМИ

ПУМПНИ СОНЧЕВИ СИСТЕМИ


Подолу можете да ги симнете Јавниот оглас и Барањето. 

​За сите дополнителни информации контактирајте не.
ЈАВЕН ОГЛАС за сончеви термални системи 2018.pdf
File Size: 615 kb
File Type: pdf
Download File

БАРАЊЕ за надомест 2018.doc
File Size: 74 kb
File Type: doc
Download File

Picture
Picture
0 Comments

објавена е листата на баратели кои го остварија правото на надомест за купени и вградени сончеви колектори во домаќинствата за 2017 година.

14/12/2017

0 Comments

 
Листата можете да ја симнете од веб страната на Министерството за економија, на следниот линк:  

HTTP://ECONOMY.GOV.MK/DOC/2266 

За подетални информации околу надоместокот контактирајте го Министерството за економија на телефон 02/ 3093-485 или адреса улица  ЈУРИЈ ГАГАРИН 15, 1000 Скопје.
0 Comments

субвенции за купување печки на пелети за 2017 година

15/11/2017

0 Comments

 
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик 15.11.2017 заклучно со 22.11.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Критериуми за учество на Јавниот повик:
Барателот потребно е да ги исполни следниве критериуми за учество на Јавниот повик:
  • да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија,
  • да е жител на град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај),
  • подносителот до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • новата печка на пелети да ја купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (7 работни дена) и таа да биде инсталирана на истата адреса од личната карта,
  • да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана печката, без оглед на тоа дали се користи
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него подносителот да живее,
  • да има платено данок на имот за објектот каде е инсталирана печката, заклучно со 2016 година. 
За да ги видите деталните услови на Јавниот повик, симнете ги документите објавени од Град Скопје:
ЈАВЕН ПОВИК за надомест на трошоци за печки на пелети за 2017
Барање за подмирен данок
Барање за надомест на дел од трошоци


или посетете ја страната на Град Скопје: www.skopje.gov.mk

Погледнете ја нашата понуда за котли и камини на пелети на следните линкови:

КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ

КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ
ИНТЕРТАЛ ДОО Скопје нуди плаќање на рати преку потрошувачки кредит од Стопанска банка АД Скопје, како и преку дебитни картици од Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации контактирајте не.

КОНТАКТ
0 Comments

јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети за 2017 година

28/2/2017

0 Comments

 
Град Скопје објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година. Јавниот повик трае 15 календарски дена, заклучно со 13.03.2017 година.
Град Скопје ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.
Барателот потребно е да исполни неколку критериуми за учество на Јавниот повик, меѓу кои се:
- да е жител на град Скопје (општините во градот),
- да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана печката,
- новата печка на пелети ќе треба да ја купи во рок од 15 дена од денот на завршување на Јавниот повик и таа да биде инсталирана и да се користи на истата адреса од личната карта,
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него подносителот да живее,
- да има платено данок на имот за објектот каде е инсталирана печката, заклучно со 2016 година,
- да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во РМ.
​
За подетални информации околу критериумите за учество и условите, симнете го Јавниот повик од град Скопје.

Нашата понуда за печки за пелети можете да ја разгледате на следните линкови:
КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ
КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ
За сите дополнителни прашања контактирајте не на телефоните 02/204-3431, 02/204-5431 или на еmail:  [email protected].

Втор_јавен_повик_пелети_2017_ОБЈАВЕН.pdf
File Size: 108 kb
File Type: pdf
Download File

Барање_за_потврда_за_данок_на_имот_ОБЈАВЕНО.doc
File Size: 31 kb
File Type: doc
Download File

Образец_за_граѓани_2017_ОБЈАВЕН.doc
File Size: 46 kb
File Type: doc
Download File

0 Comments
<<Previous

    Author

    ИНТЕРТАЛ ДОО Скопје

    Archives

    October 2019
    September 2019
    May 2019
    February 2019
    November 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    February 2017
    March 2016
    February 2016

    Categories

    All
    Kamini Na Peleti
    Kotli Na Peleti
    камини на пелети
    котли на пелети
    Промоции
    Соларни системи
    субвенции

    RSS Feed


Работно време

Пон-Пет  8:00-17:00
Саб  8:00-13:00

телефони

+389 (02) 204-3431
+389 (02) 204-5431

Email

[email protected]
Picture
Можност за плаќање со картиците на 
VISA и MASTERCARD.